недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 49
home Вести

Објавен конкурсот за вработување 125 професионални војници

На веб страницата на Министерството за одбрана ја има и пријавата со чие пополнување секој кандидат ќе го почне процесот за прием. Конкурсот ќе трае 15 дена. 
Објавен конкурсот за вработување 125 професионални војници

Mинистерството за одбрана на својата веб страница и во два дневни весника денеска го објави првиот конкурс за вработување нови 125 професионални војници во Армијата на Република Македонија, кои ќе бидат дел од вкупно 375-те нови професионални војници кои треба да го зајакнат армискиот состав.

На веб страницата на Министерството за одбрана ја има и пријавата со чие пополнување секој кандидат ќе го почне процесот за прием. Конкурсот ќе трае 15 дена.

Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска вчера рече дека со приемот на нови професионални војници се дава придонес и на политиката на Владата за создавање нови работни места кои ќе бидат подобро платени.

Таа ги повика сите млади луѓе на возраст до 25 години со завршено средно образование кои веќе доброволно го отслужиле воениот рок да се пријават на овој конкурс и да дадат шанса за својата генерација, да создадат шанса, но и да влијаат на зајакнување на составот на Армијата на Република Македонија.

Додаде дека во следните десет дена и официјално ќе го почнат процесот на набавка на униформи и чизми. (МИА)

Коронавирус