петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 49
home Вести

„О2 иницијатива“: Градов смрди од изгорени токсични, канцерогени материјали, ова е злосторство против човештвото

„О2 иницијатива“: Градов смрди од изгорени токсични, канцерогени материјали, ова е злосторство против човештвото

Градов СМРДИ од изгорени ТОКСИЧНИ, КАНЦЕРОГЕНИ материјали. Како да е малку жештината и мирисот од асфалтот и ѓубрето кое корне, овој добро познат мирис кој преку ЦЕЛА ГОДИНА нè ТРУЕ СИТЕ е печатот на воздухот во Скопје, реагираат од О2 иницијативата.

„Трансгенерациски мутации, генетски изменето поколението, оштетување во сите системи, од нервен, имун, хормонален, репродуктивен .., канцерогени материи наталожени во организмот, тоа сме ние, жителите на Скопје. Не ни треба конц камп, си имаме и си живееме во него, со АМИН на СИТЕ институции и НЕ-НАДЛЕЖНИ!

Ова е случај за меѓународниот кривичен суд во Хаг – злосторство против човештвото.

Слики од Драчево – Аџево и по стариот пат за Батинци. Не се само познатите локации покрај Вардар во Карпош, Центар, Гази Баба – Вардариште, Ќерамидница, каде се тера нелегален бизнис на горење кабли, гуми и сл. за бакар, железо и др. метали. Ги има и во Кисела Вода.

Ич не ви чуе, знаеме, јасно ни е до сега. Срам немате, и тоа ни е јасно, совест па ич. Се прашуваме и самите зошто го правиме сè уште ова, кога НЕМА НИКАКОВ резултат, само лажни ветувања и партиски ПР“-пишуваат тие.