четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

О2 иницијатива: Државава е ужасно валкана, просто гнасна, ѓубришта на сите страни, ултра загаден воздух, уништена почва и иструени реки

О2 иницијатива: Државава е ужасно валкана, просто гнасна, ѓубришта на сите страни, ултра загаден воздух, уништена почва и иструени реки

Не постои нормален човек кој живее, престојува или само поминува низ државава, а кој нема да се согласи со огромното мнозинство: државава е ужасно валкана, просто гнасна, ѓубришта на сите страни, ултра загаден воздух, уништена почва, иструени реки, ова преку статус на Фејсбук денеска го објавува О2 иницијативата.

Состојбата е катастрофална, и заради сево ова, сите инволвирани во процесите едноставно не изгледаат добро, а и тоа малку што се прави е далеку од доволно. Крајно разочарувачки се зборовите на Никола Бертолини, министер советник во Делегацијата на Европската Унија.

Неговите зборови не само што треба да ги разбудат и локалните и централните функционери, туку треба да бидат и црвениот аларм од ЕУ, еден од најголемите донатори за нашата држава, дека пари и проекти без јасна цел, без извештаи, без солидна реализација, повеќе НЕМА ДА ИМА.

Дека партизираноста и тромавоста на инститциите е до толку кулминирачка што Бертолини споредувајќи не се Латинска Америка, Африка и Азија каде што работел, заклучува дека дури ни таму никогаш не видел вакво нешто. До толку, што експертите нам не можат ниту да ни дадат риба, ниту да не научат да ловиме. Нас не ни помага, ниту ако ни ја отворат устата и да ни го бутнат изџваканото.

Читајте ги метафорите на Бертолини. И ако сериозно се подготвувате за избори, аман сфатете ја пораката: со вакво (не)управување со отпадот, можеме да завршиме само во ѓубриштето на Европа.
Па може ни таму.