четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 35
home Вести

Нуредини: Чудно е за три минути да изгори сѐ, починатите изгорени до степен на непрепознатливост

Нуредини: Чудно е за три минути да изгори сѐ, починатите изгорени до степен на непрепознатливост

Координаторот на ковид болницата во Тетово, Гзим Нуредини денеска истакна дека за три минути изгорела цела модуларна болница, и тоа е чудна околност, бидејќи како што вели, суво дрво нема да изгори за три минути.

-Тоа било три минути, дојдов за три минути беше се завршено. Ние не сме експерти и затоа ноќта баравме јавен обвинител, МВР да интеревнира. Чудно ни беше за три минути да имате цел објект во пламен и да остане само железо. И суво дрво да е нема да гори така, рече Нуредини.

Починатите се пратени на Институтот за судска медицина затоа што биле изгорени до степен на непрепознатливост. Тие што се спасени биле без никакви поседици од огнот и веднаш биле транспортирани во Интерната клиника во Тетовската болница.

Нуредини кажа дека посети не биле дозволени, и дека имало известување до сите одделенија да бидат забранети посети на пациенти болни од Ковид-19.

-Секоја посета е казнива, и по протокол тоа е казниво. Не може роднина да се грижи за пациентите. И порано имавме укажувања дека имало. Пративме изестување до сите одделенија дека не се дозволува посета. Законски не е дозволено фамилија. Кога гореше болницата, дојде цело Тетово, од сите делови да помогнат, но за три минути беше се изгорено, вели координаторот.

Во моментов во Тетово се хоспитализирани 57 пациенти позитивни на Ковид-19.

Коронавирус