вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 24
home Вести

НУК со барања: Да се укине работното време на угостителските објекти како и да има прослави, веселби, музички настапи…

НУК со барања: Да се укине работното време на угостителските објекти како и да има прослави, веселби, музички настапи…

Согласно најавата на прес конференцијата која ја имаше НУК во среда 12ти Мај 2021 година утринава на официјалните мејлови на Комисија за заразни болести и Министерството за здравство доставени се предлозите и барањата на НУК за промена, усогласување и унапредување на новите протоколи кои очекуваме да ги ртазгледаат новите експерти кои ќе работат на нивната изработка и Комисијата за заразни болести.

– Со оглед на праксата која Комисија за заразни болести во континуитет ја спроведува самостојно да одлучува без можност угостителите да учествуваат на седниците кога се носат круцијални одлуки за нивната работа и егзистенција НУК повторно за најавениот денешен состанок на Комисијата за заразни болести како потсетување ги достави предлозите и барањата за кои очекува во најмала рака комисијата да биде доблесна и да ги прочита, а најавените експерти од Министерот за економија да ги земат во предвид при креирањето на новите протоколи, се вели во соопштението на НУК.

Со последните барања и предлози угостителите очекуваат промени за:
– Укинување на ограничување на работно време
Укинувањето на одлука со која се забранува работа во внатрешните делови на угостителските објекти или во најмала рака да се дозволи работана внатрешните делови од угостителските објекти кои се здобиле со златен сертификат од националната кампања на НУК чисто и безбедно и кои во своите објекти располагаат со сертифицирани пречистувачи на воздухот кои во целост го елиминираат живиот SARS-COV-2 Вирус од возухот.
– Укинување на точка 13 со која се забранува организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот(Пејачи/музички групи/Диџеи) и да се одобри организирање на музички настани со настап на естрадни музички уметници согласно последните важечки протоколи.
– Укинување на точка 14 со која се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели бидејќи истата и во сегашни услови е неприменлива, нефункционална и непотребно создава конфикти во угостителството.
– Барање да се дозволи одржување на настани, прослави, веселби во сите угостителски објекти согласно доставени предлог протоколи односно согласно протоколи што новите експерти по најавата на министерот за економија ќе ги подготват.
– Да се промени и усогласи точка 6 – ресторани односно точка 14 – кафетерии наместо забраната не може да седат повеќе од 4 лица на маса да се дозволи да седат 6 и повеќе лица на соодветна маса или споени маси.
– Во случај кога се работи за една цела фамилија со повеќе од 4 лица да се дозволи да можат како во фамилија да седат сите на една маса а не да ги навредуваме фамилијарните вредности и да ја навредуваме и делиме фамилијата која живее под еден исти кров на две или повеќе маси затоа што истата е поголема од 4 лица!
– Да се дозволи работа на ноќни клубови, кабереа и затворени и летни дискотети согласно доставени предлог протоколи.

ЕУРО 2020

Македонија