среда, 30. септември 2020. Вести денес: 118
home Вести

НСП: При разрешување полициски функционери не е постапувано според законските акти

НСП: При разрешување полициски функционери не е постапувано според законските акти

Независниот синдикат на полицијата денеска го обвини Министерството за внатрешни работи дека спречува владеење на правото и оти при разрешување на полициски функционери не е постапувано според законските акти.

-Овие неколку години од вашето владеење во Министерството за внатрешни работи, пред јавноста на социјалните мрежи постојано се фалите дека во МВР „владее правото“, дека се работи по закон, дека во МВР се си функционира како што треба итн,. Но, за жал јавно мораме да ве демантираме поради вашите пофалби и тоа со вистинската состојба, а таа е дека владеење на правото го спречувате и не се спроведува во оваа министерство, рече на прес-конференција портпаролот на Независниот синдикат на полиција Дејан Саздов.

Според него, „со брзи и експресно објавени интерни огласи кои се во времетраење за пријавување од само 48 часа се придонесува да успеваат подобните над неподобните“. Тој посочи дека деновиве на нивните колеги им биле доделени летни кошули и панталони во ладни и зимски денови и оти нема да бидат изненадени ако се пофалат со тоа дека имаме задоволна полиција.

-Две илјади полициски службеници трета година по ред си ги носат оние јакнички од 300 грама и тоа летни, и сеуште ги чекаат зимските униформи а на чекање се и новите Приправници со надеж барем да добијат по некоја летна кошула. За секоја мисла која не се согласува со Вашиот непрофесионализам, правите притисок врз критиката, напаѓате безкрупулозно особено кон Синдикалните претставници на НСП ја употребувате позицијата за пресметки со се што Ви е на располагање, но со тој начин генерално ја оплескавте, рече Саздов.

Тој од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски побара да потврди дали при разрешувањето и распоредувањето на полициските службеници од раководни позиции е постапувано според законските и подзаконските акти од Колективниот договор во МВР.

Коронавирус