четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 40
home Вести

НСП изразија благодарност до српските полициски синдикати за помошта околу вакцинацијата на полициски службеници

НСП изразија благодарност до српските полициски синдикати за помошта околу вакцинацијата на полициски службеници

Гранскиот Независен синдикат на полицијата на денешната прес-конференција изрази благодарност до српското Министерство за внатрешни работи за понудената помош за вакцинацијата на нашите полициски службеници.

Гази Али, заменик секретар на НСП изрази благодарност и до збратимените синдикати на српската полиција (ССП), кој ги предводи нивниот претседател Лазар Ранитовиќ, посочувајќи дека од оваа иницијатива од Србија во нашата земја денеска се донесени 20 илјади вакцини.

– Имено на нашето барање за помош во поглед на вакцинацијата на полициските службеници во МВР на РСМ, веднаш по барањето за помош од страна на нашиот претседател Гоце Делчев Тодев, исконтактирал со кабинетот на нивниот министер за внатрешни работи и му го пренеле нашето барање, по што експресно добивме позитивен одговор, одговор којшто беше пренесен од нашиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, рече Али.

Локални избори 2021