сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Новогодишна претстава за најмладите од семејства во социјален ризик

Новогодишна претстава за најмладите од семејства во социјален ризик

Во организација на ЕВН Македонија и Црвниот крст на Град Скопје денеска ќе биде изведена Новогодишна претстава подготвена од актерската екипа на Снежана Коневска Руси, со цел забава и дружење со волонтерите на ова организација за најмладите од повеќе иституции, дневни центри и семејства во социјален ризик.

Претставата ќе се одржи во салата на ДХО Даре Џамбаз со почеток во 11:00 часот.

– Водени од идејата дека секој човек, особено дете треба да ја почуствува празничната атмосфера за  време на новогодишните празници ЕВН и Црвениот крст организираат хуманитарни настани под мото: „Да споделиме радост“. ЕВН донира  500 новогодишни пакетчиња за деца на семејства во социјален ризик и деца со попреченост од  Скопје, Струмица, Битола, Гостивар, Куманово, Кичево и Штип, соопштуваат од ЕВН Македонија.

– Ве очекуваме заеднички да им ги разубавиме новогодишните празници на оние кои имаат потреба од дополнителна помош и поддршка за да ги доживеат весело престојните празници, соопштуваат од Црвен крст.

Коронавирус