среда, 15. јули 2020. Вести денес: 64
home Вести

Ново зголемување на бројот на заразени деца од коронавирус за 24 часа

Ново зголемување на бројот на заразени деца од коронавирус за 24 часа

Секојдневно се повеќе се зголемува бројот на деца заболени од коронавирус во земјава.

Податоците од Институтот за јавно здравје објавени вчера, а кои се однесуваат за 3-ти јуни говорат дека во Македонија бројот на деца заболени од Ковид-19 во однос на претходниот ден е зголемен за 25.

На 3-ти јуни кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 129 и 133 случаи соодветно, односно вкупно 262 случаи на заболени деца од Ковид-19.

Објавените податоци, кои се однесуваат за состојбата со коронавирус за 2-ри месецов, покажуваат дека за 24 часа во однос на 1-ви јуни бројот на заболени деца се зголемил за 17 од кои најголем број се на возраст од 0-9 години.

Состојбата за 2-ри јуни вели дека кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 114 и 123 случаи соодветно, односно вкупно 237 позитивни случаи на коронавирус.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во Македонија на 1 јуни се регистрирани вкупно 220 случаи на деца заболени од Ковид-19, односно по возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 101 и 119 случаи соодветно.