среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 157
home Вести

Ново законско решение: Фискални сметки ќе може да се сторнираат само во првите 15 минути

Ново законско решение: Фискални сметки ќе може да се сторнираат само во првите 15 минути

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на прес-конференција истакна дека со новото законско решение фискални сметки ќе може да се сторнираат само во првите 15 минути од нивното издавање во одредени дејности, а инаку сите ќе мора да издадат и фискална на сторната сметка. Временскиот рок од 15 минути ќе важи само за служителите на промет со храна и пијалоци, како и за обложувалниците.

-Оваа обврска беше пропишана и до сега како подзаконски акт, но често не беше почитувана од даночните обврзници, но од сега нема да може да биде така со јасната законска дефиниција и на прекршителите им се заканува затворање на објектот. Анализата покажува дека износот на сторните сметки изнесува милијарда денари на годишно ниво, а такви издаваат дури и погребалните друштва, изјави Лукаревска.

Посочи дека УЈП ги контролирала дејностите – специјализирани продавници и салони за продажба на мебел и опрема за осветлување и други предмети за домаќинство, специјализирани продавници за информатичка и компјутерска опрема, продавници за текстил, трговија на мало со спортска опрема во специјализирани продавници, продавници за игри и играчки, козметички салони, како и специјални продавници за часовници и накит. Угостителски објекти, млечни ресторани, автомеханичарски работилници, продавници за автоделови и цвеќарници.

Најнови вести

Локални избори 2021