среда, 4. август 2021. Вести денес: 106
Вонредна вест

ГОЛЕМ РАСТ: 164 новозаболени од коронавирус, починаа три лица

home Вести

Ново рочиште за „Поткуп“, ќе се одложи ли повторно судењето?

Ново рочиште за „Поткуп“, ќе се одложи ли повторно судењето?

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи судење за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев.

Минатото рочиште беше одложено по барање на одбраната, а претходното, пак, на барање на јавниот обвинител, кој го известил новиот судија во предметот, Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на рочиштето.

Откако на 26 февруари рочиштето беше одложено за денес, на социјалните мрежи се поставуваше прашањето- која ќе биде следната причина поради која ќе се одложи процесот, кој веќе влегува во својата втора година без ниту едно одржано рочиште.

Целата сага со судењето на Заев почна на 25-ти јануари минатата година, но рочиштето никако да се одржи. Првите два пати, судењето беше одложувано поради тоа што Заев бил на службен пат. Уште две рочишта потоа беа одложувани поради неприсуство на неговите адвокати.

Потоа, судењето беше одложено затоа што Заев тврдеше дека бил на средба со италијанскиот амбасадор во земјава, Карло Ромео, што беше експресно демантирано од амбасадорот, кој преку својот Твитер налог објави дека дента немал средба со никого и дека секоја различна информација е целосно неточна.

Во септември, пак, рочиштето беше одложено поради боледување на судијката Дијана Груевска-Илиевска.

Последниот пат, процесот беше одложен, бидејќи предметот не беше пристигнат од Апелацискиот суд, кој требаше да одлучи по жалбата на одбраната на Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, затоа што делови од неа беа јавно објавени на видео-сервисот „Јутјуб“.

Инаку, Заев во случајот „Поткуп“ е осомничен за барање и за земање поткуп во висина од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев, во врска со легализација на земјиште. Додека случајот беше во фаза на истрага, во јавноста се појави снимка од кабинетот на градоначалникот каде Заев зборува за наводниот поткуп.

Коронавирус