недела, 11. април 2021. Вести денес: 118
home Вести

Ново рочиште за „Меѓународен сојуз“ – Боки 13 бара изземање на Рускоска

Ново рочиште за „Меѓународен сојуз“ – Боки 13 бара изземање на Рускоска

Бојан Јовановски, познат како Боки-13, првообвинет во аферата „Меѓународен сојуз“ или во јавноста позната како „Рекет-2“, на денешното судење кажа дека обвинителката Русковска се однесува тендензино, непрофесионално и понижувачко бидејќи не се појавувала на судењето, и побара нејзино изземање.

-Го молам државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да одреди кој е застапник на ова обвинение кое според мене опстојува на стаклени нозе и без докази. Рускоска мислеше дека е доволно да го поднесе обвинението, а потоа да ги праќа своите заменици кои не се упатени во предметот, покажуваат непознавање на материјата, па сметам дека Јовески треба да ја изземе Рускоска и да назначи нов обвинител за да знаеме кој го застапува овој предмет, изјави Јовановски.

Бојан Јовановски е обвинет за измама и перење пари. За помагање во извршување на измамата, обвинети се и Ременски, Мандиќ и Блажевска. За помагање на второто дело, перење пари, со обвинението се опфатени: Мандиќ, Блажевска и Миле Јовановски, кој исто така се товари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола.

Коронавирус