сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Вести

Ново раководство на ВМРО ДПМНЕ во Берово

Ново раководство на ВМРО ДПМНЕ во Берово

Денеска во попладневните часови, во просториите на Бизнис инкубатор во Берово, се одржа конститутивна седница на новиот општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Берово.

На седницата беа присутни дел од членовите на старото раководство, членови на новиот состав на ОК, членови на ново формираните локални комисии како и бивши функционери на партијата на локално и државно ниво. Новото раководство на партијата, предводено од претседателот Стојан Кракутовски брои над 30 членови, како што и самиот истакна тоа се луѓе почитувани и препознаени во Општината, луѓе со интегритет и чист образ и личности кои верува дека ќе ја вратат довербата на нивните сограѓани во политиките на ВМРО ДПМНЕ.

Тој рече дека цврсто стои на ставот дека членството треба да се обедини, но и да се поткрепи со нови сили и енергија, се со цел народот да се освести и охрабри и борбата да се зачуваат националните и државни интереси да биде под закрилата на ВМРО ДПМНЕ. Крајната цел, истакна Кракутовски, е распродавањето на се’ македонското милениумско наследство да запре што побргу, за што сите сега, повеќе од никогаш, сме си потребни едни на други и на нашата Македонија. Од присутните, новото раководство ја доби целосната поддршка, а како дополнителен стимул во работата ќе бидат и 10тината ново формирани комисии за економија, финансии, невладин сектор, образование, култура, историја и тн кои ќе делуваат на локално ниво.

Коронавирус