сабота, 28. март 2020. Вести денес: 90
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Новите струмички возачи ќе полагаат кај близок пријател на Заев?!

Новите струмички возачи ќе полагаат кај близок пријател на Заев?!

Близок пријател на премиерот Зоран Заев ќе го има ексклузивното прво да спроведува возачки испити во Струмица. Фирмата на струмичанецот Стојан Иванов, лиценцата ја доби од МВР, по распишаниот конкурс на 25 јуни, каде Иванов конкурирал со новоформираната фирма „Испитен Центар Струмица“, која ја отворил на неполни 2 месеца пред Министерството за внатрешни работи да го распише конкурсот за доделување лиценци за спроведување возачки испити во Струмица и Скопје, објави телевизија Алфа.

Според документите до кои дојде Алфа, Иванов фирмата ја отворил на 17 април, МВР конкурсот за доделување лиценци за возачки испитен центар го има распишано на 25 јуни, кога освен за Скопје, доделува лиценца и за Струмица. Фирмата на Иванов која ја основал со минимален паричен влог од 5000 евра, сега ќе го има единственото право за полагање возачки испити во Струмица. Иванов со премиерот Заев се другари од средно училиште, во бизнисот со возачки испити тој е нов, бидејќи претходно се занимаваше со приватно обезбедување,а во градот е познат како долгогодишен угостител, човек од еснафот.

Испитен центар Струмица фирмата стара четири месеци, во наредните 5 години ќе го има единственото право за полагање возачки испити во градот, со чист профит од неколку стотина илјади евра.

Пред две недели, поточно на 14 месецов лиценца за спроведување на возачки испити доби и новоформирана фирма во Скопје, стара само 7 дена пред да биде распишан конкурсот на МВР. 26 годишниот Виктор Серафимов сопственик на „Авто испитен центар“ Скопје, во наредните пет години ќе држи монопол во главниот град со издавање возачки дозволи и ќе има обрт од околу 6 милиони евра.