вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Новите пасоши ќе бидат обезбедени за 7 до 10 дена

Новите пасоши ќе бидат обезбедени за 7 до 10 дена

За една недела се очекуваат да пристигнат пасошите од Германија, согласно комуникацијата на Министерството за внатрешни работи со фирмата Веридос која ги изработува.

Ова го најави министерот Наќе Чулев кој денеска беше во посета на СВР Тетово.

-Согласно договорот пасошите треба да стигнат на 24 март. Во постојана комуникација сме и вршиме притисок до германската фирма Веридос која ги обезбедува пасошите и од нив имаме одредено ветување дека пасошите би требало да стигнат од 7 до 10 дена, согласно договорот, што значи пред 24 март, истакна Чулев.

Треба да бидат испорачани 100 илјади пасоши.

-Ќе бидат задоволени сите потреби. Како МВР уште сега имаме план за зголемен број извршители во издавање и изработка на пасошите. Согласно со капацитетите на Министерството што значат производство на патни исправи, дневните можности се до три илјади пасоши така што со оглед дека има побарувачка од 27 до 28 илјади пасоши сите потреби би се задоволиле до 10 дена, истакна министерот.

Коронавирус