понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Новите два случаи заразени од коронавирусот се од општина Центар Жупа

Новите два случаи заразени од коронавирусот се од општина Центар Жупа

Сопружниците кај кои е констатиран корона вирусот се од општина Центар Жупа, соседна општина на Дебар, кои биле во посета на свои блиски во Италија, потврдуваат од Општата болница во Дебар.

– Во нашата болница се јавија во четвртокот, по што поради симптомите веднаш беа изолирани, а во петокот им е земен брис, по што анализите покажаа присуство на коронавирус. Синоќа со специјално возило се транспортирани во Скопје. На сите простории каде што тие се движеа извршена е дезинфекција. Засега други сомнителни случаи нема, вели директорот на болницата Баки Халили.

Додава дека во институцијата строго се почитуваат сите препораки на Министерството за здравство.

Претходно имало уште еден сомнителен случај, медицнска сестра, која се вратила од посета на свои блиски во Италија, но анализите биле негативни.

По појавата на овој опасен вирус во Италија, каде живеат и работат над 10.000 лица по потекло од Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река значителен број се дојдени во родните места.

Коронавирус