четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Новите документи потпишани од Филипче се доказ: Тој им кажува на Кинезите преку која фирма да оди нарачката

Новите документи потпишани од Филипче се доказ: Тој им кажува на Кинезите преку која фирма да оди нарачката

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска ги објави писмата на министерот за здравство Венко Филипче.

Писмата на Филипче до Пекинг, оделе строго преку фантом фирмата „Starbi International“ во Хонг Конг и во декември 2020 и во јануари 2021.

Не е познато оваа компанија колку вработени има, доколку ги има воопшто. Според регистарот во Хонг Конг фирмата нема медицинско ниту фармацевтско портфолио.

-Следствено на објавената анализа вчера од „Ла Верита“, околу модалитетот на барање дози на пазарот на вакцините од страна на власта, премиерот Зоран Заев призна дека платениот аванс на Кина за да ги добие продуктите од Синофарм, бил вратен, а вакцините не се добиени поради вклучувањето на странски фирми како посредници. „Ла Верита“ ги поседува писмата на министерот за здравство Венко Филипче во кои е вклучена друга фирма, различна од оние кои беа споменати од страна на македонскиот премиер за време на вчерашната прес-конференција, писма кои би можеле да го појаснат мотивот зошто не се воспоставила соработката со Пекинг, стои во текстот објавен во италијанскиот весник.

 

Коронавирус