понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Новите членови на Судскиот совет ветија дека нема да бидат подложни на политички влијанија

Новите членови на Судскиот совет ветија дека нема да бидат подложни на политички влијанија

Петте нови членови на Судскиот совет на Република Македонија денеска дадоа свеченa изјавa пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Нови ченови на Судскиот совет се Киро Здравев, Гордана Спиревска, Зоран Теофиловски, Лорета Горгиева и Мирсад Суроји.

Судијката од Основниот суд Скопје 1, Гордана Спиревска во изјава за медиумите посочи дека како член на Судскиот совет ќе биде отпорна на политички влијанија.

-Ние судиите сме независни. Ќе бидеме отпорни на политички влијанија. Јас лично ќе бидам отпорна на политички влијанија, изјави Спиревска и додаде дека професионалноста и стручноста, а не роднинските врски ќе бидат клучен критериум при изборот и унапредувањето на судиите.

МИА

Коронавирус