сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 27
home Вести

Новиот тест на единствената заболена од коронавирус во Македонија е негативен

Новиот тест на единствената заболена од коронавирус во Македонија е негативен

Министерството за здравство попладнево информираше дека денеска повторно била тестирана на коронавирус единствената заразена пациентка кај нас и дека тестот бил негативен.

-Направен е контролен тест на единствената заболена пациентка од коронавирус и нејзината ќерка, со која таа е во контакт и двете се во изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Тестот на пациентката е негативен на коронавирус, што значи дека опаѓа нејзината инфективност, но согласно процедурата, тој ќе биде повторен по 48 часа. На корона е негативна и нејзината ќерка, соопштија од Министерството.

Коронавирус