петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 138
home Вести

Новиот премиер на Бугарија најави ново вето за Македонија

Новиот премиер на Бугарија најави ново вето за Македонија

Со назначувањето на новиот премиер во Бугарија, Стефан Јанев сите надежи на Македонија дека конечно би добила датум за почеток на преговори со Европската Унија во јуни годинава и офоцијално пропаднаа во вода.

– Бугарската рамковна позиција (за ова прашање“ беше усвоено со консензус од сите политички партии во бугарскиот парламент. Како привремена влада, ние немаме овластување да го промениме тоа“, изјави новиот министер за надворешни работи Светлан Стоев.Оттаму, се е во рацете на претставниците на Македонија. Тие многу добро ја знаат бугарската позиција и не треба да шпекулираат дека ќе има било каква промена во следните два или три месеци колку што е мандатот на оваа влада, рече Стоев.

Софија бара од Скопје да признае дека македонската нација и јазик имаат бугарски корени, и да стави крај на анти-бугарската реторика во земјата.

Овие сигнали на привремените бугарски власти значат дека Македонија не може да се надева на преговори најмалку до есен иако Османи, па и Димитров најавија дека ќе се обидат да се договорат и со новата техничка влада во Софија.

ЕУРО 2020

Македонија