четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 50
home Вести

Новиот министер за надворешни работи на Уругвај потекнува од Македонија

Новиот министер за надворешни работи на Уругвај потекнува од Македонија

Ернесто Талви (62), економист и политичар со потекло од Македонија, од 1 март е нов министер за надворешни работи на Уругвај.

Неговиот татко Мануел е роден во Македонија во семејство на Евреи, а мајка му Сузана е кубанска имигрантка, исто така од еврејско потекло. Мануел на 20 години дошол во Уругвај, бегајќи со братучедите од холокаустот, во кој ги загубил обата родители и трите сестри. Ернесто е роден во Монтевидео.

„ОМД му честита на Ернесто Талви, кој е од македонско потекло, за изборот за уругвајски министер за надворешни работи. Му посакуваме успешен мандат во претставувањето на неговата земја и се надеваме дека Уругвај и Македонија ќе ги зацврстат своите билатерални и трговски односи под негово водство“, соопшти Обединета македонска дијаспора.

Коронавирус