среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Новинарските екипи избркани од Уставен суд

Новинарските екипи избркани од Уставен суд

Иако претходно беше испратена покана до медиумите за следење на средбата помеѓу претседателот на Уставен суд Сали Мурати, и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, сепак, медиумите беа избркани од зградата на Уставниот суд, јавува ТВ 21.

Беше дозволено само снимање на неколку инсерти од средбата, по што обезбедувањето и вработените во Судот дрско им соопштија на новинарите дека тие не се организатори на настанот и снимањето во зградата на Уставен не е дозволено.

Иако медиумите замолија да останат во холот и просторијата предвидена за новинари во Судот, сепак, дрскоста од страна на вработените продолжи, и медиумите беа избркани надвор.

Инаку Уставниот суд во периодов е актуелен по иницијативата за преиспитување на уставноста на поништувањето на помилувањата од поранешниот претседател Иванов.

 

Коронавирус