сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 18
home Вести

Новинарот Златев повикан на суд, ќе му се суди за одавање службена тајна: По ваков притисок сум уште похрабар

Новинарот Златев повикан на суд, ќе му се суди за одавање службена тајна: По ваков притисок сум уште похрабар

Новинарот Љупчо Златев преку статус на Фејсбук објави дека е повикан во суд каде ќе му се суди за одавање на службена тајна.

-На 29.09, во 09:30 часот ми е закажано рочиштето во кое ќе ме судат за оддавање на службена тајна.
“Службената тајна” која јас ја објавив во мојот медиум е дека еден вработен во УБК бил отстранет од работа само затоа што неговиот татко присуствувал на протестите против промеена на името.
Она што јас го објавив е класичен јавен интерес и злоупотреба од страна на службите. Она за што јас пишував е класично кршење на човековите права и правото на протест!
Уште од сега имам информација дека од судот било нарачано да добијам условна казна, за да се плашам да објавувам вакви злоупотреби од страна на службите.
Но, драги мои, кај мене тие методи не палат. Јас не само што не се плашам, туку по ваков притисок сум уште похрабар.
Злоупотребите, злоделата и криминалот не може да бидат “Службена тајна”!!!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

На 29.09, во 09:30 часот ми е закажано рочиштето во кое ќе ме судат за оддавање на службена тајна.

“Службената тајна”…

Posted by Ljupcho Zlatev on Thursday, August 27, 2020

Коронавирус