сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 92
home Вести

Новинарот Златев по физичкиот напад: За да ме замолчите ќе мора да ме убиете!

Новинарот Златев по физичкиот напад: За да ме замолчите ќе мора да ме убиете!

Новинарот Љупчо Златев преку статус на Фејсбук утрово се огласи и го опиша настанот во кој беше физички нападнат.

-ЗА ДА МЕ ЗАМОЛЧИТЕ, ЌЕ МОРА ДА МЕ УБИЕТЕ!

Почитувани пријатели и добронамерници,
Дел од медиумите објавија дека синоќа, нешто по полноќ, бев физички нападнат во локалот “Трибека” во центарот на Скопје.
Преку оваа објава, сакам да ги потврдам пишувањата и да ја разјаснам целата ситуација.
Имено, јас бев излезен заедно со пријатели, на свирка, како скоро секоја втора вечер во изминатите месеци. Нешто по полноќ од масата на која седевме се упатив кон тоалетот на локалот. Додека се движев, во ходникот, непознато лице почна да ме удира по градите, да ме плука и да ме влече кон излезот.
Додека ме напаѓаше, лицето ми се дереше “Излези надвор, многу ди ни згрешил, излегувај надвор”. Јас на неговиот напад се спротиставив и не дозволив да ме извлече надвор, по што приклештен пред влезот тој неколку пати со неговата глава ме удри во пределот на челото.
Веднаш кога се случи настанот од внатрешноста дојдоа гости кои лицето го истуркаа надвор, а во бунилото чув и дека човекот кој ме нападна носел пиштол. Им се заблагодарувам на овие десетина добри луѓе, кои не ги познавам а ме спасија и ги повикувам да ме контактираат за соодветно да им се заблагодарам.
Во тие моменти јас бев вчудоневиден од тоа што некој кој не го познавам сака да ме тепа и постојано прашував кој е човеков и зошто го прави ова?
Еден од оние кои го истуркаа надвор, ми рече дека се работи за лице од Автокоманда, кое е дел од обезбедувањето на Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков. Истото лице, ми посочи дека надвор пред локалот бил и младиот Мијалков со уште неколку луѓе, а ве потсетувам, додека бев напаѓан бев туркан кон излезот пред кој тој се наоѓал.
Веднаш по настанот, пријавив во полиција, која експресно дојде, направивме записник и се упатив кон болница каде што ми беа констстирани лесни телесни повреди на главата и ми беше препишана терапија.
Се чувствувам добро, не сум сериозно повреден, не сум уплашен! Дали некој ова го направил од екцес или поради нарачка од оној за кој во изминатите месеци пишувам статии во кои ги изнесувам неговите криминали? – Искрено не знам, но многу е симптоматично на денот кога објавив за неговиот нов ресорт во Охрид, да бидам нападнат од лице кое е постојана придружба на неговиот син.
Синоќа, успеав и да го идентификувам лицето, по што пред малку неговото име и линк до неговиот профил на Инстаграм, доставив во полиција. Дознав и дека истите лица, минстиот месец пред Интермецо истите лица крвнкчки претепале еден скопски угостител.
Јас не се плашам, мене криминалци не ме плашат. Јас сум чесен човек кој против ова зло ќе се бори со сите сили. Ако некој сака да ме замолчи, ќе мора да ме убие! Јас од напади на шмркајли од Автокоманда, не се плашам и уште повеќе ме мотивираат да го работам она што го работам.
Голема благодарност до полицијата која експресно дојде на лице место, голема благодарност до луѓето кои ме спасија да не бидам изнесен и претепан надвор и голема благодарност до сопствениците и менаџментот на локалот “Трибека” кои експредно реагираа.
Во исто време, на сопствениците на локалот и на сите гости, би сакал да им се извинам за вознемирувањето кое се случи, нормално, не по моја вина. Но сепак, доколку не бев таму, немаше да има таков инцидент.
Се надевам дека полицијата ќе го пронајде лицето, по што и приватно ќе го тужам за целата ситуација. Во текот на денот, за настанот ќе ја известам и канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадата на Соединетите Американски Држави и амбасадата на Словенија (затоа што сум дописник за медиум од оваа земја).
Им благодарам на сите пријатели, колеги и политичари од скоро сите парламентарни политички партии кои утринава изразија загриженост и понудија поддршка.
Со криминалот и криминалцоте, нема компромис! Јас одам до крај и по цена да изгубам глава!
Љупчо Златев,
Новинар, главен уредник на Економски Лидер
Сопственик и управител на Џенерал Хералдинг ДООЕЛ Скопје, стои во неговиот пост на Фејсбук.

ЗА ДА МЕ ЗАМОЛЧИТЕ, ЌЕ МОРА ДА МЕ УБИЕТЕ!

Почитувани пријатели и добронамерници,

Дел од медиумите објавија дека…

Posted by Ljupcho Zlatev on Friday, July 24, 2020

Коронавирус