сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Вести

Новинар од Алсат-М ја искина легитимацијата од Влада, бара да му биде напишана на албански јазик

Новинар од Алсат-М ја искина легитимацијата од Влада, бара да му биде напишана на албански јазик

Новинарот од Алсат-М, Адриан Керими ја искинал новинарската легитимација од Владата на Република Македонија бидејќи не била напишана на албански јазик.

-Таква лична карта не прифаќам! Се додека не го почитувате мојот мајчин јазик и не ги почитувате меѓународните правила за медиумите, не зборувајте за слободата на медиумите, доколку не ги почитувате правата на новинарите, напишал новинарот на социјалните мрежи.

Тој исто така вели дека вредностите за европска интеграција што ги промовира Владата на РМ се само за потсмев и имаат за цел да ги прикријат скандалите и празнините кои дури и се прикажуваат пред меѓународниот фактор.

Извор: А1он.мк