петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 141
home Вести

Нови пожари низ Македонија- гори шумата во кумановско Живиње и во липковско

Нови пожари низ Македонија- гори шумата во кумановско Живиње и во липковско

Два пожара се активни на подрачјето во поширокиот кумановски регион, во село Живиње и над Никуштак, информираат надлежните од Територијалната противпожарна единица и од кумановската подружница на „Македонски Шуми“.
Во Живиње, на границата со светиниколско гори нискостеблеста шума, но поради ветерот постои опасност да се прошири и да зафати висока дабова шума.

Пожарот во кумановското село Живиње понал вчера и на терен биле екипи од претпријатието и две екипи на кумановската противпожарна единица. Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски информираше дека вчера две екипи интервенирале на пожарот, а утрово е испратена нова екипа на пожаринкари.

-И утрово е активен пожарот, го гасеа наши екипи и противпожарната единица и денеска ќе побараме помош од пожарникарите-изјави, директорот на кумановската подружница, Луан Бајрами.

Се уште гори нискостеблеста дабова шума во липковско, над село Никушатк во месноста „Баре“. Екипите на шумско стопнаство до тринаесет вработени и со помош на дванесет мештани го гаселе пожарот. Вчера, со осум налети со авион се обидувале и надлежните да го изгасат овој пожар.

Коронавирус