сабота, 28. март 2020. Вести денес: 79
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Нови политички заткулисни игри за новиот закон за ЈО: Ахмети, Џафери и Заев вечерва на средба и обид за замена на предлог законот за ЈО

Нови политички заткулисни игри за новиот закон за ЈО: Ахмети, Џафери и Заев вечерва на средба и обид за замена на предлог законот за ЈО

Предмалку во канцеларијата на Али Ахмети се одвивало средба на која присуствуваа претседателот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на СДСМ Зоран Заев, дознава КУРИР.

Според нашите извори тие разговараа на темата во врска со новиот закон за ЈО.

Според нашите информации се правело и обид да се замени предлог законот за ЈО со претходната верзија која ја договориле СДСМ и ДУИ.

Доколку се замени новата драфт верзија треба да помине на повторно гласање во Владата па потоа да биде доставена во Собранието.

Инаку по оваа средба во овие моменти кај Талат Џафери освен Ахмети на состанок пристигнала и министерката Рената Дескоска.

Според нашите извори тие на средбата треба да се усогласат за разликите во текстот на законот за обвинителство кој вчера бил усвоен од владата и зошто денес во Собранието пристигнал предлог закон со изменета, поинаква содржина од онаа што владата веќе ја изгласала.