вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 28
home Вести

Нови огласи за партиски вработувања во државните институции: Плата и од околу 50 илјади денари

Нови огласи за партиски вработувања во државните институции: Плата и од околу 50 илјади денари

Македонска академска истражувачка мрежа МАРНЕТ Скопје, Јавна Установа Национален парк МАВРОВО Маврови Анови, Универзитетска клиника за детски болести, Секретаријат за европски прашања, Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош, Министерство за транспорт и врски, Министерство за економијa, Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, Министерство за култура – Управа за заштита на културното наследство предновогодишно ги отвораат своите врати за нови партиски вработувања и покрај најавата дека администрацијата е пренатрупана и истата ќе се намалува.

Станува збор за повеќе работни позиции, од архивар, советник, па се до раководител на сектор, а нето плата со која треба да бидат платени вработените изнесува во зависност од позицијата и институцијата во која ќе се вработат. Па така нето платата на еден помлад соработник во Македонска академска истражувачка мрежа МАРНЕТ Скопје изнесува најмалку во споредба со другите огласи односно само 22.026 денари.

Најскапо платени ќе бидат 5 државни службеници кои се вработуваат во Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија, односно тука нето платат достигнува и до 49.146 денари за позицијата советник, или 42.628 денари за позицијата соработник.

Ова не се првите огласи објавени од формирањето на старо новата влада на СДСМ и премиерот Зоран Заев кој за време на предизборниот период ветуваше нејзино намалување, како и во време на опозиција често обвинуваше за пренатрупување на администрацијата од тогашната влада.

Секојдневното објавување на нови огласи за вработувањата на партиските активисти на СДСМ стана заштитен знак на оваа влада кои подоцна имаат за цел да прераснат во едно озбилно гласачко тело.

Се по јасно е дека власта и понатаму останува глува на препораките од страна на Европската унија дека администрацијата е преполна и истата треба да биде професионална и непартиска ставена во функција.

За потсетување до сега се објавени над 350 нови огласи за вработувања, а се чини дека овој тренд ќе продолжи и во наредната 2021година.

Коронавирус