понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Нови кластери во Источна Македонија, Филипче без план за справување со корона вирусот

Нови кластери во Источна Македонија, Филипче без план за справување со корона вирусот

Неколку месеци наназад сведочиме на фактот дека министерот за здравство Венко Филипче не само што нема стратегија за справување со корона вирусот, туку и дрско го манипулира и лаже народот дека ситуацијата е стабилна и дека добро се справуваме со вирусот.

Наместо бројката да опаѓа и ситуацијата полека да се стабилизира, а животот да се враќа во нормала, секојдневно бележиме застрашувачки бројки во сите градови во Македонија, особено во источниот дел на државата каде се бележи екстремен пораст на новозаболени. На пример, за 24 часа во Кочани биле регистрирани нови 20 случаи на заболени со корона вирусот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17049, бројката на оздравени пациенти е 14186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153.

Овие податоци укажуваат на тоа дека министерот Филипче нема стратегија како да се справува со вирусот, а истовремено не само што не бара помош од компетентни колеги од областа, тој упорно манипулира со бројките, кои одамна го пробија предвидениот пик.

Медицинските лица имаат дилема „дали Филипче знае во кој правец се движи македонското здравство или ќе се крие зад сезонскиот грип кој најверојатно ќе настапи во наредните месеци?“

Коронавирус