понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 154
home Вести

Нови детали за „Монструм“: Убијците биле професионалци, такво нешто немало ниту во војната во 2001-ва

Нови детали за „Монструм“: Убијците биле професионалци, такво нешто немало ниту во војната во 2001-ва

Денес во Основниот кривичен суд во Скопје се одвива ново рочиште за случајот „Монструм“ – петкратното убиство кај Смилковско Езеро кое на 12-ти април 2012-та година ја потресе Македонија.

Случајот се наоѓа во доказна постапка во која во Основниот кривичен суд се читаат дел од околу 133-те илјади СМС пораки и транскрипти на високи функционери и лица поврзани со истрагата.

Најголемо внимание засега привлече СМС комуникацијата помеѓу обвинителот Џелал Бајрами и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Двајцата комуницираат на 24-ти април кога Ахмети го прашува Бајрами каква е ситуацијата, на што добива одговор.

„Чекаме претседателе, нема многу јаки докази. Јасно се гледа дека биле професионалци. И на премиерот му реков. Не се случувало вака да егзекутираат деца од зад грб. Ова го немаше ниту во војната во Косово, ниту во војната во 2001 година. Ако некој сакал дестабилизација ќе нападнел униформирани лица, полициска станица… Мене ми наликува на сцени од војната во поранешна Југославија. Биле професионалци, не оставиле никакви траги, освен на трагите на гумите од автомобилот“, му вели Бајрами на Ахмети, пренесува „Фокус“.

Кога Ахмети го прашува Бајрами дали има биолошки траги внатре, обвинителот открива дека се пронајдени две траги кои не одговараат на тие кои досега биле испрашани.

Коронавирус