четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 161
home Вести

НОВИ ДЕТАЛИ: МВР трага по планинарите, телефоните биле лоцирани на 100 метри во македонска територија

НОВИ ДЕТАЛИ: МВР трага по планинарите, телефоните биле лоцирани на 100 метри во македонска територија

Во раните утрински часови Секторот за внатрешни работи Битола добил пријава дека на две лица-планинари, кои биле дел од група планинари од Република Македонија, им се губи трагaтa на планината Ниџе, потврдуваат од МВР за НОВА.

Настанот го пријавиле останатите членови на групата.

Според нивното кажување, по кратко време откако тргнале да се искачуваат на планината од страна на Република Грција, на двајца нивни членови, едно машко и едно женсо лице, им се губи трагата.

За настанот биле известени и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и грчките погранични служби.

Набргу потоа, телефоните на двајцата планинари биле лоцирани на 100 метри во територијата на Република Македонија.

За сега не е познато во каква состојба се планинарите, објави порталот.

Грчки медиуми објави дека двајцата планинари се пронајдени починати

Вчера вечер околу 23 часот и 30 минути, на македонската страна на планината Кајмакчалан загинале двајца планинари, објавија грчки медиуми, а за дел од македонските медиуми потврдија и од МВР:

Најверојатно се работи за млада девојка и младо момче, на возраст од 26 и 35 години од Македонија, кои во 23 часот и 30 минути биле пронајдени мртви.

На местото каде што се пронајдени загинатите има спасувачки екипи кои со сите сили се обидуваат да ги извлечат телата на планинарите.

Временските услови на Кајмакчалан се многу опасни, покрај  снегот , најавени се бури.

Според грчкото планинарско друштво oд Меглен тие биле на грчката страна од планината, а нивните тела биле пронајдени на македонската страна.

Најнови вести

Коронавирус