среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 149
home Вести

НОВИ ДЕТАЛИ: Јанева добила и 350.000 евра во кутија за чевли

НОВИ ДЕТАЛИ: Јанева добила и 350.000 евра во кутија за чевли

Во Кривичниот суд претпладнево продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски- Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

На денешното рочиште сведочи бизнисменот Орце Камчев, кој истакна дека Јанева добила и 350.000 евра во кутија за чевли.

-Сума од 350.000 евра, исплатени од Ана Камчева, Бојан Јовановски ги ставил во кутија за чевли и тој подарок ѝ го доставил на Катица Јанева. Другите 150.000 евра ги дал на Зоран Милески, рече Камчев.

Во судница од домашен притвор е донесена Јанева, а Боки 13 од КПУ Затвор – Скопје каде што издржува мерка притвор.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина и предметот за него беше одвоен од оној против Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева.

Коронавирус