Шест нови лица се приведени во врска во вчерашното пукање во Мала Речица во кое едно лице го загуби животот, а две се повредени, дознава Курир од неофицијални извори.
За случајот, неофицијално известен е и јавен обвинител, а и натаму се преземаат мерки за расчистување на пукањето во Мала Речица кое ги вознемири жителите.
МВР денес информираше дека во врска со случајот приведени се четири лица кои се предадени на понатаношна постапка. На местото на настанот при увид полицијата во присуство на јавен обвинител пронашла траги од крв, 8 чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка.
Во вчерашниот вооружен инцидент животот во загуби Наип Реџепи од Белановце, а со повреди се здобиле Ф.М. (22) од кумановското село Черкези кој бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје и С.Р.(41) од с.Белановце, општина Липково, кој бил задржан во болницата во Тетово.
Официјални информации за причините за вооружената пресметка не се познати, но според вчерашните пишувања на албанските медиуми станува збор за вооружен судир меѓу две ривалски групи од ДУИ.