недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Нови 74 случаи на коронавирус на направени само 689 тестови, вкупниот број на починати лица е 500

Нови 74 случаи на коронавирус на направени само 689 тестови, вкупниот број на починати лица е 500

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од: Скопје-23, Куманово-1, Дебар-1, Штип-11, Тетово-17, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Радовиш-5, Кочани-1, Свети Николе-17.

Починати се 3 лица, пациент од Битола (73г.), пациент од Демир Хисар (73г.) и пациент од Скопје (44г.). Сите пациенти се починати во болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11128, бројката на оздравени пациенти е 6972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3656.

Направените 689 теста се преку: ИЈЗ-549, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -110, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 106047 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, 1 на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 7 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Коронавирус