среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 149
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Нови 66 случаи на коронавирус и 13 реинфекции, нема починати лица

Нови 66 случаи на коронавирус и 13 реинфекции, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 983 тестови, а регистрирани се 66 нови случаи на КОВИД-19

Во Скопје – 50, Битола и Охрид – по 5, Македонски Брод – 2, Прилеп , Кавадарци, Штип и Струмица – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани сe 115 оздравени пациенти од: Скопје – 87, Охрид – 8, Битола – 7, Кавадарци, Тетово , Велес и Гостивар – по 2, Штип, Куманово, Кочани, Ресен и Свети Николе – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Направени се 983 тестови преку: ИЈЗ-149, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-21, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–56, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-32, Биотек-53, Систина-39, лабораторија Лаор-26, Синлаб-13, Ремедика-13, Плодност-10, Генеа-10, Никоб Лаб-53, ВФВ Медикал-9, Ели МедикаПлус-15, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 371.

Досега во земјата се направени вкупно 2.067.648 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.673, бројот на оздравени пациенти е 303.007, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 350.

Коронавирус