среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 27
home Вести

Нови 48 случаи со коронавирус во Македонија, 25 се од Куманово, Филипче го чекаше Заев за да оддржи прес-конференција

Нови 48 случаи со коронавирус во Македонија, 25 се од Куманово, Филипче го чекаше Заев за да оддржи прес-конференција

Резултатите од тестот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев се очекуваат околу 16 часот. Веднаш по добивањето на резултатите ќе има и прес-конференција на министерот Филипче, каде тој ќе информира и за состојбата и за актуелните прашања со коронавирусот во земјата.

Во однос на редовната дневна статистика, потврдени се 48 нови случаи на Ковид 19 во изминатото деноноќие. Со ова вкупно во земјата се 711 дијагностицирани пациенти. Новодијагностицираните се по градови:
– Скопје – 11
– Куманово – 25
– Штип – 1
– Прилеп – 4
– Тетово – 1
– Струга – 3
– Охрид – 1
– Гостивар – 2

Во текот на изминатото деноноќие имавме и рекорден број на тестови, точно 496.
Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани 2 претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој информиравме во текот на вчерашниот ден.

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче.

Коронавирус