среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Нови 30 дена притвор за eкс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски

Нови 30 дена притвор за eкс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски

Нови 30 дена притвор му одреди кривичниот суд во Скопје на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомнични Атанасовски за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност“, откако на минатогодишните рочишта на судењето за настаните од 27 април, некои од обвинетите го посочија како организатор на насилниот упад во Собранието, заедно со други лица.

Владимир Атанасовски на чело на УБК застана на крајот на 2016 година, кога од функцијата замина тогашниот директор, Сашо Мијалков, кој пак, два дена пред Нова година беше пуштен во куќен притвор.

Коронавирус