понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Нови 30 дена притвор за бизнисменот Орце Камчев

Нови 30 дена притвор за бизнисменот Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Кривичниот совет во Основниот кривичен суд Скопје го уважи предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и донесе решение за продолжување на мерката за уште 30 дена бидејќи, како што велат од судот, сè уште постои опасноста од бегство.

Одбраната на бизнисменот има право да поднесе жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

Како што информиравме, обвинителката Лиле Стефанова предлогот за продолжување на притворот го поднесе во петокот.

Камчев заврши во притвор на 14 март 2021 како осомничен во случајот „Плацови на Водно“. Мерката беше побара откако обвинителството доби белешка од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) дека бизнисменот се подготвува за бегство.

Коронавирус