недела, 29. март 2020. Вести денес: 40
Во живо

Во 12 часот прес-конференција на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Нови 29 случаи на коронавирус, од нив 20 во Скопје – вкупно 177 заразени во Македонија

Нови 29 случаи на коронавирус, од нив 20 во Скопје – вкупно 177 заразени во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје – 108
– Дебар (41) – 1 починат
– Куманово (11) – 1 починат
– Штип (7)
– Велес (3)
– Кавадарци (2)
– Охрид (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)