вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 3
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Требаше ли да дојдат избори за да се случи: Нови 13 возила за домашна посета и патронажа во Здравствен дом Скопје

Требаше ли да дојдат избори за да се случи: Нови 13 возила за домашна посета и патронажа во Здравствен дом Скопје

Министерот за здравствоВенко Филипче и директорите на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока, утрово ги промовираа новите 13 возила наменети за Поликлиниките во градот Скопје.

-10 возила се наменети за единицата за домашно лекување, а останатите возила за секојдневно транспортирање на материјали во работните единици во Здравствениот дом. Според извештаите кои секојдневно ги добивавме од Службата за итна медицинска помош со домашно лекување, јасно е дека зголемувањето so возила и екипи, кадровско екипирање и дисперзирањето на службата за брза помош во градот и околината е повеќе од приоритет. Со новите возила, значително ги зајакнуваме капацитетите во оваа јавно-здравствена установа, потенцираше министерот Филипче.

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување и итна стоматолошка помош овозможува 24 часовна здравствена заштита, како единствена за градот Скопје и околните населени места.

-Значително ги подобруваме условите за работа со новите возила. Со поддршка на општина Гази Баба и градоначалникот Борис Георгиевски, Итната медицинска помош доби донација две специјални возила за медицински потреби од страна на Чешка како давател на донацијата. Би сакал да истакнам дека извршивме набавка и на 10 фрижидери со сопствени средства за здравствениот дом. Покрај ова, следејќи ги стандардите за квалитетна здравствена заштита, во интерес на долгогодишната соработка и грижа за пациентите во делот на превентивната здравствена заштита, добивме донација од Ново Нордиск-Фарм 6 големи фрижидери за непречено соодветно чување на вакцините и инсулините во температурен режим. Од голема важност е континуирано да инвестираме  во  нова и современа технологија, изјави директорот на Здравствен дом Скопје, Исјановски.

Во однос на законски предвидената имунизација, Здравствениот дом Скопје опфаќа третина од државата и постигнување на правилна и целосна имунизација обезбедува стабилен епидемиолошки статус и колективен имунитет во општеството.

-За нас како најголема здравствена установа за град Скопје и околните населени места најважно е постојано да водиме грижа за здравјето на нашите граѓани и да продолжиме понатаму преку фокусирање на пациентите, користење на современа технологија во склад со следење на светските стандарди за квалитетна здравствена заштита и промоција на здрав стил на живот за здравје во семејството во насока на спречување на болести, рече директорот на Здравствен Дом Скопје, Кока.

Парламентарни избори 2020