сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Нови 13 случаи на коронавирус: Починаа две лица, вкупно 88 смртни случаи

Нови 13 случаи на коронавирус: Починаа две лица, вкупно 88 смртни случаи

Вкупно 13 нови случаи на коронавирус се регистрирани денеска во Македонија. Според последните податоците нови случаи има во Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-3, Велес-5 и Битола-1.

Во изминатите 24 часа направени се само 292 тестирања, а вкупно се извршени 17.836 тестирања на Ковид -19.

-Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на Ковид-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот, информираат од Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1539, бројката на оздравени пациенти е 1057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394.

Коронавирус