вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 54
home Вести

Новата ски-патека во Маврово се вика „52“

Новата ски-патека во Маврово се вика „52“

Патека „52″ (педесет и два) е името на новата патека во нашиот најпознат Скијачки центар Маврово, каде љубителите на скијањето во новата сезона, за првпат, ќе може да ја користат. Името на прекрасната патека звучи едноставно „52″, но е избор на следбениците на скијачкиот центар Маврово преку социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Со името се оддава чест на 52 загинати лица во снежна лавина, која се случила во февруари 1956 година.

Скијачкиот центар Маврово неодамна ги покани своите следбеници и пошироката јавност која користи социјални мрежи да предложат креативни имиња за патеката и повеќе од 500 следбеници на мрежите кои гласаа, за најдобро и најкреативно решение го одбраа „52“.

 

Коронавирус