понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 40
home Вести

Новата претседателка на ОО СДСМ Свети Николе Елизабета Јованчева поврзана со низа скандали

Новата претседателка на ОО СДСМ Свети Николе Елизабета Јованчева поврзана со низа скандали

На вчерашната прес конференција на СДСМ, портпаролот Костадин Костадинов изјави дека се именува нови претседатели на Општинските организации на СДСМ ширум Македонија.

На социјалните мрежи се појавија информации дека всушност ново избраната претседателка на ОО СДСМ Свети Николе Елизабета Јованчева претходно била назначена како В.Д. директорка на Државен комунален инспекторат, но после три месеци поради несоодветно образование и поради притисок од страна на јавноста била разрешена.

Според информациите Јованчева и покрај тоа што била разрешена од функцијата продолжила да зема плата и да го вози службениот автомобил во сопственост на Државниот комунален инспекторат.

Имено, доколку се истражи подетално и сопругот на Елизабета Јованчева, Трајче Јованчев е поврзан со неколку скандали. Имено, самиот тој е директен учесник во вербален и физички напад врз негов колега полицаец во Свети Николе.

Но ова не е единствен скандал на нејзиниот сопруг, односно името на сопругот на Елизабета Јованчева, Трајче Јованчев  е поврзан и со инцидент на минатите локални избори кога со толпа симпатизери на СДСМ го нападна Орце Цветановски и неговото семејство

Редакцијата на Курир стапи во контакт со Цветановски кој што тогаш изјави:

Кога влегов, јас постапив службено, се упатив кон просторијата во која се судските полицајци. Таму беше Јованчев, со кој живеам во ист влез. Отидов кај него, тропнав на вратата, му посакав само добар ден и го информирав дека сум повикан во судница. Во момент кога очекував да ме спроведе до судницата, тој ми покажа среден прст пред очи. Јас на сето тоа се воздржав, се повлеков еден чекор назад кон колегата кој беше со мене. Стана и почна да ме навредува, да се заканува и да пцуе. Ми се закануваше со зборовите „Ќе видите што ќе ви се случи вас, ќе ве нема, ние сме сега на власт“. Потоа ме турна со рацете и градите, па замина на вториот спрат на судот. Со другиот колега продолживме и од другата страна се појави обвинителот на Свети Николе  со кој требаше заедно да бидеме на судење, за истиот случај, вели Цветановски во изјава за КУРИР.

Но, се уште не е познато дали овој случај има правна разрешница.

Заканите кои што ги упатил Јованчев кон својот колега од типот „Ќе видите што ќе ви се случи вас, ќе ве нема, ние сме сега на власт“, само ги потврдуваат гласините дека функционери и членови на СДСМ добиваат сила што нивната партија е на власт и се изживуваат и напаѓаат каде стигнат.

Од најавената метла на претседателот на СДСМ Зоран Заев дека на местата на досегашните претседатели ќе дојдат луѓе кои ќе работата за подобро на граѓаните, навидум изгледа дека нема ништо.