сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 12
home Вести

Новата црна статистика го демантира Филипче: Починаа 23 лица, тројца од нив вон болнички услови

Новата црна статистика го демантира Филипче: Починаа 23 лица, тројца од нив вон болнички услови

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1715 тестирања, а регистрирани се 659 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-248, Куманово-18, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-33, Тетово-40, Струга-39, Велес-33, Битола-46, Охрид-47, Кавадарци-14, Гостивар-21, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-14, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-11, Валандово-1, Виница-11, Делчево-5, Свети Николе-17, Кичево-4, Ресен-12, Неготино-21, информира Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 774 оздравени пациенти од: Скопје-331, Куманово-140, Дебар-10, Штип-27, Прилеп-45, Тетово-11, Струга-28, Велес-41, Битола-28, Охрид-33, Гостивар-4, Гевгелија-3, Струмица-6, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-8, Пробиштип-4, Демир Хисар-6, Македонски Брод-3, Валандово-1, Виница-4, Делчево-1, Свети Николе-16, Кичево-11, Ресен-5.

Починати се 23 лица, пет пациенти од Скопје (61, 61, 79, 84 и 68г), двајца од Штип (60 и 69г), четири од Струга (55, 57, 56 и 84г), четири од Битола (67, 59, 79 и 70г), тројца пациенти од Охрид (64, 70 и 65г), еден од Гостивар (72г), еден од Струмица (55г), двајца од Радовиш (73 и 81г), еден од Крушево (63г). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67968, бројката на оздравени пациенти е 43646, на починати е 1924, а бројот на активни случаи изнесува 22398.

Коронавирус