четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Новаковски: Не се почитуват роковите за донесување одлуки по однос на жалбите за обвинетите од 27 април

Новаковски: Не се почитуват роковите за донесување одлуки по однос на жалбите за обвинетите од 27 април

Иако веќе десет дека е поднесена жалба за второто продолжување на притворот за еден од обвинетите за настаните од 27 април, сеуште не е свикана јавна седница за да донесе одлука по однос на жалбата, рече во дебатната емисија “Клик Плус“ на телевизија 21, Александар Новаковски, адвокат на еден од приведените.

– За мојот клиент се продолжи притворот за терт месец, а сеуште по жалбата на второто продолжување, не е свикана јавна седница. Роковите воопшто не се запазуваат, тука да немаме дилема. Дали во овој случај дали во друг случај, роковите за да се одлучува во рокот кој е предвиден со законот за кривична постапка воопшто не се запазуваат. Жалбата е дадена, и веќе 10 дена не е одлучено по жалбата. Ние имаме разбирање за обемноста, но тие треба да одлучуваат во рок од 48 часа, но сеуште нама одлучено, потврди Новаковски.

Новаковски смета дека и во другите постапки се продолжуваа притворите без никакво образложение со една реченица, дека не се удостојува бранителот да му се одговори на неговите забелешки.

– Зошто тие седум месеци чекале да ги посети обвинителство од организиран криминал. Сега да прибирате докази кои во седум месеци тие можеле што сакаат да прават, бидејќи не биле ни повикани ни превземени никакви мерки, никакви мерки на претпазливост, конкретно мојот клиент сам се јави. Три пати се одложуваше постпката за одземање на имунитетот, рече адвокатот Новаковски.

Адвокатот Новаковски уверува дека и покрај тоа што народниот правобранител излезе и кажа дека е повредена постапката за одземање на имунитет, и покрај нивните жалби, никој воопшто не ги слуша нивните забелешки.

Најнови вести

Коронавирус