петок, 7. мај 2021. Вести денес: 146
home Вести

Нова трагична фаза во судството: Обвинителите почнуваат да молат да се одложуваат рочиштата на Заев

Заев е обвинет дека во улога на градоначалник на Струмица ја злоупотребил својата службена положба и наводно од локален бизнисмен барал мито од околу 160.000 евра за легализација на државно градежно земјиште.
Нова трагична фаза во судството: Обвинителите почнуваат да молат да се одложуваат рочиштата на Заев

Судењето за „Поткуп“ во кое обвинет е премиерот Зоран Заев, што денеска требаше да се одржи во Кривичниот суд, е одложено за 26 февруари на барање на јавен обвинител кој во петокот го известил новиот судија Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на денешното рочиште.

Заев е обвинет дека во улога на градоначалник на Струмица ја злоупотребил својата службена положба и наводно од локален бизнисмен барал мито од околу 160.000 евра за легализација на државно градежно земјиште.

Додека случајот беше во фаза на истрага, во јавноста се појави снимка од кабинетот на градоначалникот каде Заев  зборува за наводниот поткуп. За адвокатите на градоначалникот, наводите на обвинението биле спротивни на законот. Дали ќе бараат специјалната обвинителка да го застапува и овој случај, бранителите на Заев со одговор

Цела година никој не му суди на Заев

Првото рочиште за овој случај беше закажано за 25 јануари минатата година. Судењето досега беше одложувано повеќе пати.

Наведените причини беа различни, но целта е иста – Заев да избега од обвинителна клупа.

Два пати судењето се одложуваше затоа што наводно Заев беше на службен пат. Потоа се одложи поради неприсуство на неговите адвокати.

Следна причина за одложување на судењето за „Поткуп“ беше средба на Заев со италијанскиот амбасадор Kарло Ромео. Сепак, евтината лага на Заев ја разобличи лично италијанскиот амбасадот, кој демантираше дека имал средба со Заев.Ромео на Твитер напиша дека денеска немал средба со никого и секоја различна информација е целосно неточна.

Во септември, рочиштето се одложи поради отсуство на судијката Дијана Груевска-Илиевска која беше на боледување.

Денес имаше одлагање по барање на јавен обвинител.

Претходното рочиште, исто така, беше одложено, бидејќи предметот не беше пристигнат од Апелацискиот суд, кој требаше да одлучи по жалбата на одбраната на Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки (ПИМ) да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, затоа што делови од неа беа јавно објавени на видео-сервисот „Јутјуб“.

 

Коронавирус