четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Вести

Нова трагедија: Две ипол годишно дете почина на Детската клиника

Директорката рече дека детето имало и повеќе сериозни заболувања со кои периодов се измачувал неговиот организам, а се соочувал и со пневмонија.
Нова трагедија: Две ипол годишно дете почина на Детската клиника

Две и пол годишно машко дете од Штип викендов починало на Детската клиника во Скопје.

-Веќе една недела детето се лекувало од грип, но имало и сериозни проблеми со белите дробови, рече во телефонска изјава за Алфа, директорката Катерина Ставриќ.

Директорката рече дека детето имало и повеќе сериозни заболувања со кои периодов се измачувал неговиот организам, а се соочувал и со пневмонија.

Родителите на починатото дете, како што рече директорката на детската Клиника, не сакале да се направи обдукција.

Во меѓувреме Клиниките низ цела држава се соочуваат со сериозен недостаток на медицински кадар. Докторите постојано заминуваат на работа во странство, но и во приватните клиники, додека на местото на пензионираните медицински сестри и доктори, не се вработуваат нови кои ќе ги заменат.

И додека власта размислува каде да го изгради новиот Клинички центар и да ги подобри условите за лекување, болниците постојано голтаат човечки животи, а ситуацијата низ цела држава станува се поалармантна.

Извор: Алфа телевизија

Коронавирус