недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Нова снежна покривка за викендот на планините, утре наместа пообилни врнежи дожд

Нова снежна покривка за викендот на планините, утре наместа пообилни врнежи дожд

Нова снежна покривка ќе се формира викендов на планините од врнежите што ги најавуваат метеоролозите.

Од УХМР информираат дека под влијание на влажен бран за време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (локално над 20л/м2). Поради продор на постудена воздушна маса во недела врнежи
од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На
планините ќе се формира нова снежна покривка.

Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време, освен во крајните западни делови, каде ќе има услови за повремен дожд.

Утре температурата утринска ќе биде од три до седум, дневната од шест до 14. Во недела утринската од два до осум, дневната од 4 до 11 степени. Во наредната недела утринските температури ќе се спуштат и под нулата и ќе се движат од минус три до седум степени. Дневните ќе бидат од 5 до 15 степени.

Коронавирус