петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Вести

НОВА ПРОВОКАЦИЈА: Бугарската црква ја призна МПЦ како Северномакедонска црква!

НОВА ПРОВОКАЦИЈА: Бугарската црква ја призна МПЦ како Северномакедонска црква!

За разлика од Српската Православна Црква која како црква мајка го додели името Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, бугарската црква не признава под називот Православна Црква од Северна Македонија, oбјави верскиот портал Религија МК.

Оваа одлука ја донел Синодот на БПЦ, откако ги разгледал писмата од Вселенската патријаршија за кревање на шизмата од МПЦ-ОА и од Српскиот патријарх Порфириј. Сепак, БПЦ смета дека за официјалното име на МПЦ-ОА, дополнително треба да разговара Синодот.

-Денеска на свoето заседание, во полн состав, Светиот Синод ги разгледа писмата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Српскиот патријарх Порфириј во врска со каноничниот статус на Православната црква на Северна Македонија и по спроведеното гласање одлучи: Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија со благодарност кон Бога и духовна радост ги прифаќа решенијата за подигање на шизмата и влегува во канонско и евхаристичко општење со Православната црква на Северна Македонија. Прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија треба да иде дополнително разгледано, стои во соопштението на БПЦ.

Со ова практично Бугарската црква е четвртата црква во Православниот свет, која донесе одлука за сослужување со МПЦ-ОА, по Вселенската Патријаршија, Српската црква и Грчката (која ја поздрави одлуката). Кога ќе се случи првото официјално сослужување меѓи МПЦ-ОА и БПЦ, засега нема најава објави порталот Религија МК.

Коронавирус