Собранието на Република Македонија денеска треба да ја започне 53. седница на која на дневен ред, меѓу другите, се и новиот закон за спречување и заштита од дискриминанција, во прво читање, како и разрешувањето на претседателот и членовите на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
На дневен ред на оваа седница се и Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план за измена на финансискиот план на Македонската радио – телевизија за 2018 година, како и годишните извештаи за работата на Македонската радио телевизија за 2017 година, на Агенцијата за електронски комуникации за 2017 година, на Агенцијата за пошти за 2017 година, за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година. Исто така пратениците треба да ги гласаат одлуките за испраќање војници во мисии во Авганистан и на Косово, како и дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, дополнет предлог на закон за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, во второ читање, измените на Законот за безбедност на производите…
На дневен ред на оваа седница е и дополнетиот предлог на закон за изменување на Законот за пратениците, во второ читање, измените и дополнувањата на Законот за минимална плата во Република Македонија, по скратена постапка, и други.